2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ПЕЛАГОНИЈА ГО ДОБИВА СВОЈОТ DEMO DAY: 10 СТАРТАПИ ПОДГОТВЕНИ ЗА СЦЕНА И ИНВЕСТИТОРИ

 
На 31 март, во UTOPIA Academy во Битола, ќе се одржи Demo Day на програмата Greentech Pelagonija — финален настан што ги обединува најперспективните зелени и иновативни стартап идеи од регионот.
 
Програмата, реализирана од ПРЕДА Плус, со поддршка на European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) преку програмата Advice for Small Businesses North Macedonia, во изминатиот период работеше интензивно на развојот на стартап екосистемот во Пелагонија, со фокус на одржливи решенија и претприемништво со потенцијал за раст.
 
Во рамки на процесот, десетици апликанти поминаа низ селекција, менторска поддршка и практични работилници, при што беа избрани 10 стартап тимови кои утре ќе ја добијат својата најважна можност, да ги претстават своите бизнис идеи пред инвеститори, партнери и релевантни чинители од екосистемот.
 
Подготовките кулминираа со интензивни pitching сесии, каде тимовите работеа на јасност, структура и убедливост на своите презентации, добивајќи директна поддршка за јавен настап и позиционирање на своите решенија. IMG 3ed4c67061303ddd3322cca0575d4937 V
 
Клучна улога во финалниот избор ќе има и стручното жири, составено од претставници со директно искуство во бизнисот, инвестициите и финансискиот сектор. Во составот на жирито се Христина Фуна, Антонио Наумовски и Васко Богдановски — професионалци кои не само што ги следат трендовите, туку активно учествуваат во носење одлуки и поддршка на бизниси со потенцијал за раст.
Настанот ќе се одржи на 31 март со почеток во 11:00 часот во UTOPIA Academy во Битола. IMG 09f43ee05fa3239d114e999a276818a2 V IMG 808a7988053a018d6f946fb2d03b385a V

51 ТОАЛЕТ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ВО ОУ „КОЛЕ КАНИНСКИ“, СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ ЗА ХИГИЕНАТА ВО УЧИЛИШТЕТО

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ОУ „Коле Канински“ каде со новопроектираната состојба се предвидува реконструкција на постоечките тоалети кои со децении не се реконстуирани, со што ќе се овозможи задоволување на современите стандарди за хигиена и на учениците и на вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет.
 
Реконструкција е предвидена и во двата блока, во подрум, на приземје и на кат.
Во подрумските дел во првиот блок машки и женски тоалет, едниот со по 3, другиот со 5 кабини и адаптација на засебен тоалет за лица со инвалидитет, а во вториот блок машки и женски тоалет со по 3 кабини.
На приземје во едниот блок со по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини исто така машки и женски тоалет.
На кат во првиот блок по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини машки и женски дел.
 
Проектот исто така предвидува и реновирање на тоалетите за вработените. Ќе се изврши целосна промена на водоводната и одводната мрежа.
 
Се работи за вкупно 51 тоалет, а инвестиција изнесува 7.489.991 денар, средства од буџетот на Општина Битола.

Нова детска едукативна патека на Пелистер - Изминатиот викенд целосно е исчистена кружната патеката која води до Видиковец(2000мнв) и отстранети се околу 30тина дрвја од патеката. Активно работевме на уредување на детската патека наменета за еколошка едукација, а на дел од инфоцентарот поставуваме подно греење кое треба да овозможи попријатен престој за сите посетители. Подготовките за претстојната сезона веќе се во полн ек, изјави Иванчо Тошевски директор наНП Пелистер Битола. IMG c5857ecbaf4ae2da753bf90dc77e6518 V IMG 85f88e75c58d9429264bfe8633e41bd3 V IMG 9f58c1aa506fc8f6045378232324978c V

Книжевниот клуб Утопија овој четврток ќе биде домаќин на еден од најзначајните современи македонски писатели, Венко Андоновски, на книжевна вечер посветена на неговото творештво и на најновата книга „Александар јава на запад“.

 
Настанот, најавен како отворен и со бесплатен влез, предизвика исклучително голем интерес кај публиката. Капацитетот беше исполнет веднаш по објавата, по што резервациите беа затворени.
 
Овој одѕив јасно покажува дека во Битола постои публика што знае да препознае вредност и што е подготвена за содржини кои не нудат лесни одговори, туку отвораат сериозни разговори.
 
Книжевната вечер ќе се одржи на 2 април во 19:00 часот во Книжевниот клуб Утопија, со фокус на новото дело на Андоновски, но и на темите што го обележуваат неговото творештво, јазикот како одговорност, верата и сомнежот, историјата и современиот човек.
 
Утопија сè појасно се профилира како алтернативен културен простор што ги поврзува различните форми на израз, од книжевност до театар и камерни настани, градејќи заедница што не доаѓа само да слуша, туку да учествува.

СВР Битола информира - На 27.03.2026 во 17:30 часот на патот Битола – Ресен, кај место викано „Билбил камен",   полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хонда" без регистарски ознаки, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава. 

ОПШТИНА БИТОЛА РАСПИША КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО УРБАНИСТИЧКО - АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНА ЗОНА – АРМ – БИТОЛА
Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко - архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ - Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.
Конкурсот ги има следните специфичи цели:
- Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла,
- Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,
- „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,
- Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),
- Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.
Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.
Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат. Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/idejno-reshenie/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани