2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Националниот парк Галичица информира дека во репродуктивниот центар за елени од 2019 година кога имало околу 30 единки, денес популацијата е зголемена на над 200 елени.

Видеото со елените што го објави Паркот пред неколку дена предизвика голем интерес во јавноста и отвори многу прашања во врска со грижата, исхраната и безбедноста од ловџии.

Како одговор на прашањата, Паркот денеска објави фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што се вложува во него.

– Нашиот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените – велат од Паркот Галичица.

Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.

Репродуктивниот центар е отворен во 2019 година со цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот.

615523198 1186825053617380 5872606026061513623 n

Владата го усвои Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата. 

Студено утро и минусни температури се регистрирани утрово, минус 16 степени во Попова Шапка, Крушево минус 13, Берово минус 10, Битола, Прилеп и Охрид минус 9 степени. 

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Времето утре 12.01.2026 Град Тмин. Ckonje Тмакс. -9 2 Гевгелита -5 Тетово 3 -12 4 Прилеп -11 Штип -3 -7 1 Струмица -7 Ckonje Крива Паланка Охрид 2 Тетово -9 Демир Капиа -1 -6 Берово 2 Маврово -13 Велес Битола 4 Берово -12 Штип Крива Паланка -3 -11 MaBpoBo -3 -15 Прилеп Велес Охрид -6 Демир Kahnja -9 2 Струмица Битола Гевгелита“
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Можно е да е слика од ‎текст кој вели „‎Ден Вторник (13.01) Време Среда (14.01) Четврток (15.01) Ветер Петок (16.01) Сабота (17.01) Мин.тем. (°C) -14 до 6 10 до Мак.тем. Мак. (cم) -1до7 -8до-2 -8до-2 2до9 -6до-1 3 до 10 -5до2 2 2до 10 2до9 9‎“‎

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани