2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Улицата "Крушевска Република" во Битола е проодна! По излевањето на реката Курделес, со брза и навремена интервенција, состојбата е ставена под контрола, соопшти вечерва Бојан Бојкоски претседател на Советот на Општина Битола. .

 
- Улицата Крушевска Република е проодна.
 
Екипите на јавните претпријатија беа веднаш на терен и интервенираја со градежна механизација. FB IMG 1767822977219
 
Се продолжува со следење на состојбата, а безбедноста на граѓаните е на прво место, објави Бојкоски. FB IMG 1767822979606
НА ТЕРЕН, ЕКИПИТЕ РАБОТАТ НА САНИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА Градоначалникот Тони Коњановски објави дека екипите на јавните претпријатија се на терен и се работи на санирање на состојбите. 
По обилните врнежи од дожд кои деновиве, а особено попладневно го зафатија и битолскиот регион дојде до поплавуавње на дел од селото Кравари од каналската мрежа. На лице место сум со директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, каде на лице место ја следиме состојбата.
Битолски „Водовод“ во Кравари интервенира со механизација, а станува збор за проблем со каналската мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Заради ова екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки, со цел што поскоро санирање на состојбата.
Се сретнав и разговарав со жители од ова населено место и заеднички се обидуваме што поскоро да ја ставиме состојбата под контрола.
Во интервенцијата се приклучија и екипи со механизацијата од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.
Остануваме на терен до санирање на состојбата.
 
611846583 923579620186996 316711809381259990 n
611785275 923579636853661 4489308590465291168 n
612344532 923579680186990 7068158270610134148 n

Битолско Кравари е под вода! По обилните дождови што го зафатија Битолскиот регион, селото Kравари е во сериознa ситуацијa од опасност од поплавување на куќи и подруми, изјавија за Апла, жители на ова населено место. Пониските делови од селото веќе се со насобрана вода.  Жителите бараат интервенција од надлежните. Од Општина Битола информираат дека мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје на општината. Видео https://www.facebook.com/reel/1448897830183897

 Апла.мк Кравари 3

Апла.мк Кравари 4

Апла.мк Кравари 5

Апла.мк Кравари 6

Апла.мк Кравари 7

Анета Блажевска 

Видео Апла.мк 

 

 

 

 

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре (четврток)  и во петок.

Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.

 

Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола. 

ХРИСТОС СЕ РОДИ! ВИСТИНА СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИК!

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на Божиќната литургија која се одржа во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ во Битола.
 
На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. FB IMG 1767779851158
 
Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство.
 
За да имаме порадосни празници и поблагопријатни времиња можеме само доколку повеќе го градиме мирот помеѓу нас, единството и слогата, разбирањето и почитувањето, како и достоинството свое и на другите.
 
Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик!
 
Хритос се роди!
Вистина се роди!

БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ВО БИТОЛА ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

 
Бадник, ден пред Божик...денот кога ја чекаме радосната вест за Христовото раѓање...
Овој празник не потсетува на важноста на заедништвото, љубовта и споделувањето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како заедница. 
 
Денес ја славиме традицијата, но и нашите семејни и духовни врски што ја одржуваат жива, искрата на празникот.
 
Традиционално и годинава во Битола се одржа Бадниковата поворка. Младите бадникари со своите најблиски од плоштадот „Магнолија“, го исполниот соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а од таму низ Широк сокак пеејќи ја песната „Вечниот бог“ до Офицерскиот дом каде се наоѓаше големата пештара, а беа пречекани и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им го честиташе Бадник и Божиќните празници, дарувајќи ги со Бадникови подароци.
 
„Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие. Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учат вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина“, вели градоначалникот на Битола.
 
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, деновиве им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани