2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Планинарот од Прилеп Милан Јаковоски кој вчера се изгуби на Пелистер, а потоа сам се симна во Ниже Поле објаснува низ што поминал на планина.  Почитувани пријатели, поради информациите кои се споделуваат денес со мене поврзани со планинарската тура на Пелистер еве неколку информации и од мене.

Турата започна како секоја зимска тура но во малку полоши и поекстремни услови.  Група планинари тргнавме од Инфоцентар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.
Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможејќи да ги најдам маркациите останав околу 15 минути во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам, но не успеав. Во тој момент останав без никаква комуникација со останатите, а се одалечив од местото. По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам, но за жал не можев да видам никаква маркација бидејќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаејќи дека не можам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на ориентација кај сум,  почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу. Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготврност но и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Ниже Поле каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот. Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува. Поздрав, до следната слика од планина, пишува планинарот Милан Јаковоски инаку професор по географија во Прилеп.   Текст А. Блажевска

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Паркинзи Битола

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг кај спортската сала ,,Боро Чурлевски" Ве известуваме дека утре претпладне  5. 1.2026 г. (понеделник) паркингот ќе биде затворен за комерцијално работење. 
 
Ви благодариме на разбирањето и соработката 
 
Со почит
ЈППЈЛП БИТОЛА

Изгубениот планинар на Пелистер – слегол во Ниже Поле. На Пелистер дува силен ветер и има магла.  Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле.

 FB IMG 1767456507100 Фото од загубениот планинар
 -Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се изгуби. Пријавивме во СВР Битола  и со екипа на ЈУ Национален парк „Пелистер“ се упативме на терен. Но, околу 15:50 часот информирани сме дека планинарот од Прилеп безбедно стигнал во населеното место Нижо Поле, потврди Тошевски.
Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар.
Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.
Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.
Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот.
Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек, потврдува за АПЛА.мк директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски. 
А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани