2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

УСВОЕН Е БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2026 ГОДИНА, објави претседателот на Советот Бојан Бојкоски. 

 
-Буџет што значи развој, еднаквост и иднина за сите граѓани во градот и во сите населени места.
 Програма за развојни планови: 12,8 милиони евра
Спорт: 92.835.000 денари инвестиција во младите, здравјето и шампионскиот дух
 Економски развој: 40.073.171 денари поддршка за нови идеи, бизниси и работни места
 Уредување на градежно земјиште: 44.846.000 денари уредени простори и планиран раст
 Комунални инсталации: 37.925.042 денари подобра инфраструктура и квалитет на живеење
Социјална заштита: 14.610.000 денари грижа за оние на кои им е најпотребна
 
- Ова не е само буџет во бројки ова е развоен буџет за сите граѓани, за секое населено место, за посилна и поубава Битола, објави Бојкоски. 

Битолскиот славеј со кадифен глас Сефедин Бајрамов најавува концерт насловен „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола.

- Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме концертот на Сефедин Бајрамов со наслов „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола..
Сефедин Бајрамов - битолскиот славеј со кадифен глас, во придружба на Камерниот оркестар на Битола, ќе ни подари серанади кои дишат со емоции, љубов, вино и убавини.
Центарот за култура - културното срце на Битола, Ви ги честита новогодишните празници и со желби за здравје, љубов и нови успеси Ви подготвува во новата година уметнички доживувања со врвен квалитет и вистински вредности, објави Центарот за култура Битола.
604882966 1288096023350594 5285488099331784166 n

Во годината што изминува, Europe House Битола ја потврди својата улога како отворена платформа за идеи, младинска енергија и културна размена во регионот. Преку низа внимателно курирани настани и јавни активности, просторот стана место каде што се сретнуваат различни генерации и интереси – од љубители на културата и современата уметност, до млади луѓе што бараат простор за учество, учење и создавање.

2025 беше година во која се движевме низ повеќе домени – млади, култура, образование, инклузија, спорт и активизам – со програми што комбинираа практични работилници, разговори и дебати, креативни формати, јавни проекции и теренски активности. Посебен акцент беше ставен на младинското учество и на формати што ја поттикнуваат критичката мисла, соработка и лична иницијатива, како и на содржини што ја прават европската приказна видлива и разбирлива во локален контекст.

Во текот на годината, Europe House Битола реализираше активности во партнерство со широк спектар на чинители – образовни и културни институции, локални организации, јавни институции и локалната самоуправа, како и преку соработка со конзулати и амбасади кои имаат присуство и активности поврзани со Битола. Оваа отвореност за соработка, заедно со довербата што се гради низ континуитет и квалитет, овозможи програмите да имаат реална публика и реален ефект – не само „настани“, туку заеднички доживувања што оставаат трага.

На прагот на новата 2026 година, Europe House Битола упатува искрена благодарност до сите партнери, соработници и посетители кои придонесоа кон успешната реализација на овие три години. Во новата година се гледаме со уште поинвентивни програми, подлабоки содржини и нови форми на учество – бидејќи Европа не е далечен концепт, туку жива приказна што секојдневно ја пишуваме заедно.

597936122 811196441960524 7349824599102567449 n

601862762 811196495293852 2848171632405482369 n

601970365 811196675293834 2802064086813829731 n

603830397 811196371960531 1665323053587641967 n

603901284 811196435293858 938248806856658485 n

604672139 811196738627161 8492057810835443840 n

604788621 811196601960508 493076607626408793 n

605258124 811196708627164 3629949911326583498 n

605575787 811196485293853 4553811793568292496 n

605796450 811196535293848 8616395840678718694 n

607274264 811196741960494 8467950132934625303 n

 

Парите за култура треба да се доделуваат за сериозни културни продукти и во најголем дел кај професионалци, порачува режисеркатс Софија Ристевска-Петрушева, советничка од СДСМ на денешната расправа во Советот на Општина Битола, коментирајќи по точката на дневен ред - Програма за култура во општина Битола за 2026 година. Taa побара во Советот да се направи одделна комисија за културата, а не да е во склопот на јавни дејности. 

Советничката Ристевска - Петрушева вели дека не може невладините и граѓаните да добиваат пари и да има еднакви параметри како и професионалните културни работници. Таа бара комисијата за доделување на средствата за фестивалите од културата во градот да биде составена од професионалци, културни работници, а не од општинската администрација, односно бара одделни комисии од професионалци за секоја дејност во смисла на театар, литература...  

Таа ја коментираше и Зимската приказна за што вели дека има безброј активности и настани па вели -„Тоа е убаво, имаме пари и слободно да ги раздадеме на дечиња на училишта. Тоа не е лошо да не ме разберете погрешно, но мора да има некакво разграничување помеѓу професионалните артисти и генералната популација што се занимава со култура. Значи ние произведуваме мноштво, во мноштвото не може да има квалитет. Мора да одбираме и да селектираме“, рече советничката Софија Ристевска - Петрушевска од советничката говорница. 

 

Ставот на Софија Ристевска Петрушева се однесува и на фестивалот Битфест каде на располагање  се 3,2 милиони денари или 52 илјади евра. 

-Најголемата 'порција' пари од овој буџет треба да се оддели за професионалните културни работници, затоа што тие носат културни продукти кои што се професионални. Ако се добро изработени тие продукти можат да привлечат и туристи...Културата носи приход, но добро финансираната и осмислената култура. Култура каде главен носител е професионалниот артист. Што се случува кај нас, имаме граѓански организации кои прават професионални продукти, има физички лица, сите се јавуваат на конкурсите, дали за Битфест или за Зимска приказна и некако сите се разгледуваат на куп. И кога се доделиле пари треба да се очекува сериозен продукт. Што се случува кај нас сите земаат средства, без разлика дали се професионални културни работиници, аматери, ученици, учителки. Сите земаат мала 'порција' од парите и немаме ништо сериозно, некаков сериозен културен продукт. Се оди на квантитет наместо на квалитет. И тоа  е капиталниот проблем во културата. Буџетот за култура е страшно мал, 300 илјади евра, рече советничката.      

 

Анета Блажевска 

Советничката Наташа Марковска од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ по денешнопто гласање на Советот на Општина Битола за точката поврзана со дезинформациите за изградба  на мигрантски кампови во Битола објави дека СДСМ и Поинаку не гласаа против изградбата на мигрантски кампови. 

„СДСМ И ПОИНАКУ НЕ ГЛАСАА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ "
​БИТОЛЧАНИ, ВИДЕТЕ ГО ОВА ЛИЦЕМЕРИЕ: СДС И „ПОИНАКУ“ ФАТЕНИ ВО ЖИВА ЛАГА! ?
​Маските дефинитивно паднаа во Советот на Општина Битола! СДС и нивните партнери од „Поинаку“ уште еднаш покажаа дека Битола им е само алатка за политички сплетки, а не град за кој искрено се грижат.
​Што направија овојпат?
​КРЕВАА ПАНИКА: Глумеа „спасители“ на Битола , бараа ВОНРЕДНА СЕДНИЦА за мигрантите. Сакаа да ја прикажат Битола како небезбеден град и да ги исплашат битолските семејства.
​БЕГААТ ОД ОДГОВОРНОСТ: Кога дојде моментот да ги изгласаме заклучоците со кои јасно се осудуваат ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ и со кои се става крај на манипулациите со мигрантите – СДС и „Поинаку“ НЕ ГЛАСАА!, напиша Марковска.  

 

Нови велосипедски патеки и реконструкција на тротарите ќе се градат на улицата „Филип Втори Македонски“ или поранешна „Иван Милутиновиќ“ во Битола, потврди градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет откако беше поставено прашање од советникот на ЛДП Димитар Кузмановски - „Зошто во овој буџет во ставката велосипедски патеки има нула денари?.“

-Велосипедски патеки ќе продолжиме да градиме, ги направивме првите 5,5 километри и продолжуваме. Се подготвува проектна документација за улицата „Иван Милутиновиќ“ , ќе се прави реконструкција на тротоарите со велосипедски патеки. Така што од влезот на Битола до центарот на градот ќе може се оди по тие патеки, рече Коњановски.   

 

А.Б 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани