Контроли во угостителски објекти на подрачјето на Битола, пет го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика Во текот на 28/29.05.2022 во периодот од 23.00 до 02.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола во врска со прегласна музика, односно нарушување на јавниот ред и мир поради голема бучава.
Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, соопштија од СВР.
Асфалтирана е улицата „Довлеџик“ која води кон излезот на Битола. Додека траеше асфалтирањето во изминатите денови сообраќајот беше пренасочен прку обиколницата. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски на социјалните мрежи објави дека со ова Битола добива булеварски влез кој ќе биде во функција од понеделник. Но, уште рано утрово неколкумина нестрпливи битолчани први го сефтосаа асфалтот.

Фотографии од асфалтирањето (позајмени од ФБ)


