
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода. Нему денес му е определена мерка притвор од 30 дена, а синот повика на мирен протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Битола
-Драги пријатели, добронамерници и сите што ја знаете вистината за мојот татко кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам на ден 23.02.2022 во 12 часот на мирен протест пред Судот во Битола поради одлуката на Судот за притвор на мојот татко и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода затоа што делото го направи во самоодбрана за да спаси 5 животи и неговиот 6, напиша синот Јове на социјалните мрежи
Поради две заглавнеи цистерни, во застој се колони возила на неисчистениот патен правец Битола-Ресен на превојот Ѓавато, по новите врнежи од снег, јавуваат читатели на апла.мк
Новиот генерален конзул на Република Грција, Александрос Видоурис денеска оствари прва работна посета на Општина Битола
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.
Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година, соопштија од Владата
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Шведскиот филм „Надеж“ на режисерката Марија Содал, со легендарниот Стелан Скарсгард и норвешката актерка Андреа Браин Ховиг, од денеска се прикажува во Центарот за култура Битола (мала сала). Филмот ќе биде на репертоарот денеска, утре и задутре од 20 часот.
На социјалните мрежи има стотици коментари на битолчани кои бараат ослободување на битолчанецот кој вчера го уби зетот за ќерка кој пак насилно со мачета му влезе во домот и му се закануваше. Битолчаните коментираат дека дека секој родител би си го жртвувал животот за сопственото дете кога би дошол во безизлезна ситуација.
„Слобода за родителот, тој само си го штител своето дете, како во природата што секое живо суштество инстиктивно би реагирало. Слобода за родителот заштитник кој не дозволи пред очите да му се случи лошо на сопствената ќерка“, пишуваат битолачни.
На социјалните мрежи се јави и синот на осомничениот кој објави фотографија со татако му и напиша: „Ти не си татко, ти си херој, човек со големо срце, ти си мој, наш единствен и посебен татко, човек со чисто срце кој застана на страната на животот во целата фамилија“. На јавноста ѝ порача „немој да судите без да ја знаете вистината“.
Убиството се случи вчера во куќата на осомничениот, откако неговиот зет насилно влезе и како што вчера соопшти СВР понал да се заканува на осомничениот, односно на неговата жена.
Според соопштението од Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија, сомничениот со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка и за него е побаран притвор. 
