
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВРЕМЕТО УТРЕ (21.02): Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Во текот на вчерашната вечер (19/20.02.2022) во периодот од 22.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 65 возачи.
Од СВР Битола соопштија дека вчера во 10.30 часот во СВР Битола било пријавено дека бил оштетен споменикот на бранителите, лоциран кај градскиот часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Постаментот на споменикот беше оштетен и пред една годинна кога се покажа дека тоа беше под дејство на атмосферски влијанија, а не вандалски чин.
Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за првите 100 дена реализираа 1.000 лаги. 100 дена беа доволни за да се покаже целата неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Партизација на општините, оправдувања за неработа, трошење пари на непродуктивни трошоци како чоколади, мобилни телефони и очила за сонце од неколку илјади евра.
Христијан Мицкоски отчет треба да даде признанијата за ,,Титаник" а потоа и да се повлече од политиката. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски знаат само за блокади и деструкции, нивниот најнов проект е блокада на Законот со кој за 27.000 наставници се обезбедуваат поголеми плати а за 4.700 трајни вработувања. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат единствено за своите и за партиските интереси и дејствуваат на штета на интересите на граѓани, пишува во реакцијата на СДСМ на изјавата од Мицковски дадена во Битола за проектиоте во стоте дена од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. .
„Јас доаѓам од битолското здравство, тука се моите почетоци и во професионлната креира во Клиничката болница Битола во одделот за неврохирургија и Високата медицинска школа. За она што можам да се заложам зашто не зависи се̍ од мене, меѓутоа и мојот личен ангажман во кореалција со функцијата што ја имам ќе се заложам максимално да го вратам достоинството и на здравството и на образовниот дел од градот како што заслужува, рече заменик министерот за здравство д-р Владимир Рендевски запрашан како битолчанец дали планира од оваа функција да му помогне на битолското здравство и во кој сегемент.
Битолчани на нов протест против поскапувањето на горивата. Булеварот „Први Мај“ пред Општина Битола беше блокиран од двете страни на реката Драгор на еден час како револт кон превисоките цени на горивата, а мирниот протест беше организиран од вљубеници во автомобилите, членови на Кар клуб Битола.



