
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес со голема тага зборуваме за Вашиот лик и дело, иако не постојат доволно зборови за да се опише Вашата работа и посветеност. Вие бевте дел од академскиот кадар на Факултетот за биотехнички науки сé до 2019 година, кој ја сакавте и достојно и доследно ја негувавте науката, практичната работа, традицијата, културата и верно го пренесувавте целокупното Ваше знаење на Вашите студенти.
Проф. д-р Стефче ПРЕСИЛСКИ од 1987 г. предаваше на Вишата земјоделска школа а во континуитет и на Факултетот за биотехнички науки. Покрај наставата, ја вршеше функцијата директор на Вишата земјоделска школа. Професор Пресилски, покрај наставната дејност, беше познат и како одличен стручњак и автор на голем број книги, трудови, објавени во стручни и научни списанија и зборници на трудови од областа на технологијата на млеко и млечни производи. Професорот Пресилски беше присутен и во научно-истражувачката дејност, односно во голем број научни проекти како раководител и член на истражувачки тим.
Професорот Стефче Пресилки речиси четириесет години односно скоро целиот свој работен век го помина во Факултетот, рамо до рамо соработувајќи со колегите во различни моменти и периоди.
Со особена почит и вечен спомен!
Од колегите од Факултет за биотехнички науки – Битола
ПРОФ. Д-Р СТЕФЧЕ ПРЕСИЛСКИ ПОЧИНА НА 02.02.2022. Опелото ќе се изврши на 09.02.2022 (среда) во Капелата на црквата Св. Димитрија.
Нова снежна покривка донесоа синоќешните врнежи и на Пелистер, а од ски центарот Нижеполе на ЈП "Стрежево" информираат дека нивните екипи ја подготвија ски патеката, но во моментот силниот ветер создава снежни наноси.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
Претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, денес одржаа обука за дел од вработените во општините Битола, Новаци и Могила за вршење категоризација на оштетувањата на објекти во Пелагонискиот регион
