АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Исклучителни фотографии од „жителите“ на островот Голем Град во Преспанското Езеро, објави Македонското еколошко друштво -МЕД. Станува збор за фотографии од истржување за кормораните, но, и на желки, поскоци и рибарки кои живеат на островот.
„Работата со корморани на островот Голем Град е бучна и секогаш проследена со непријатен мирис. Сепак, некој мора да ја заврши и таа работа. На нашите терени на островот убавиот поглед кон езерото не одмара додека го пратиме однесувањето на овие птици. Наша цел заедно со Национален Парк Галичица е да дознаеме со што се хранат кормораните, кој е нивниот број и во каква интеракција се тие со останатите жители на островот..Се надеваме дека наскоро податоците ќе ни помогнат да дојдеме до заклучоци поврзани со ефикасна заштита на кормораните“ пишува на ФБ страницата на МЕД
„Годинава по петнаесетти пат истражувачите од Македонија, Србија и Франција се сретнаа на преспанскиот остров Голем Град за да продолжат со следење на популацијата на шумски желки, рибарки и поскоци. Првата сесија се случи во мај а истражувањата продолжуваат и во јули и август. Ваквиот тип на долгогодишни истражувања и бази на податоци ни помагаат да сведочиме и опишеме бројни еколошки и еволутивни феномени. Годинава МЕД и официјално беше дел од истражувачкиот тим, а сите собрани податоци ќе бидат споделени со НП Галичица и Општина Ресен за подобро управување со заштитените подрачја“, наведуваат од МЕД.