2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Над 40 години од животот минаа во рударските јами на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во зима и лето, на сонце и снег, дење и ноќе, на отворен јагелнов коп беше нивното работно место. Рударите кои неодама се пензионираа дојдоа да го одбележат нивниот ден во комбинатот заедно со колегите.

Државните електрани, РЕК Битола и Синдикалните организации на ЕСМ и РЕК,  денеска донираа машина за чистење подови и  средства за хигиена и дезинфекција за Регионалниот вакцинален центар во Битола.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во текот на празничните денови беше во посета на РЕК Битола и на работниците кои за време на празниците Бадник и Божик  ги извршуваа своите работни задачи, информираат од Државните електрани

За најмногу пет години, од РЕК Битола ќе биде исклучен еден блок, а истата судбина ги чека и преостанатите два во наредните 10-15 години, во зависност колку тоа ќе го дозволат европските регулативи.

Ова го истакнаа премиерот Зоран Заев и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска при посетата на  претоварната станица во Скопје за одложување на стари печки и други нееколошки грејни тела.

„Имаме јасна енергетска стратегија и знаеме дека доаѓа моментот кога ќе треба да ги затвориме комбинатите кои произведуваат на јаглен. Државата размислува да прифати една многу пријателска понуда од Грција, да бидеме косопственици на гасните терминали во Александрополис, каде што ќе се гради 800 мегаватна гасна централа што ќе произведува два и пол пати повеќе енергија од енергетскиот дефицит што го имаме како земја“, изјави Заев, додавајќи дека земјата е исправена пред предизвикот кога ќе треба да ги затвори централите за производство на струја од јаглен

„Во следниот период ќе претстои затворање на еден блок на РЕК „Битола“, кој ќе биде приклучен на гасоводот што ќе минува крај Битола и ќе се трансформира во гасна централа“, рече Заев, нагласувајќи дека стратегијата на државата се обновливите извори на енергија.

„Иако не сме членка на ЕУ и немаме обврски за плаќање на аранжманите за емисиите на јаглерод диоксид, сепак во текот на преговорите за членство ќе мора да се прилагодуваме кон тие обврски“, рече Заев.

Тој исто така најави и повеќе инвестиции во обновливите извори на енергија – очекува успешен процес за Чебрен и Галиште што ќе се види на 28 декември кога се отвораат понудите.

Директорот Ковачевски рече дека Блок 1 од РЕК „Битола“ ќе се затвори во наредните пет години, но сепак енергетската транзиција не може да се направи преку ноќ имајќи предвид дека комбинатот е најголем производител на електрична енергија во нашата држава, произведува 75 отсто од енергијата.

„Ние планираме во наредните години еден по еден од блоковите да се затвораат. Во првите пет години ќе биде затворен Блокот 1 кој што не е модернизиран и во него се инвестира најмалку. Меѓутоа Блок 2 и Блок 3 мора да работат во наредните десетина години“, рече Ковачевски додавајќи дека токму затоа во претходните две-три години се инвестирало во модернизација и во ремонти во тие блокови за да има сигурно и стабилно производство на електрична енергија.

Тој објасни дека во наредниот период ќе треба да се применат еколошките мерки во овие два блока на термоцентралата затоа што ќе работат 10-15 години, односно, како што нагласи „толку колку ќе ни дозволат европските регулативи“.

„Европската енергетска заедница ја издвои нашата држава во овој дел на Европа во делот на енергетските транзиции или трансформации. Прв проект е затворањето на РЕК ‘Осломеј’ и преминување од производство на јаглен на производство на енергија од сонце“, рече Ковачевски.

Понатаму, како што додаде, тоа ќе се прави и во Битола, со отворање нова гасна централа, за почеток првата која ќе биде со јачина до 250 мегавати и ќе го замени производството на Блок 1.

„Продолжуваме и со инвестиции во фотоволтаици во кругот на РЕК ‘Битола’ и во кругот на хидроелектраните, посебно во ‘Тиквеш’ каде што имаме можност за дополнителни инвестирања на 100 мегавати фотоволтаици, како и во ветерни паркови кои што треба да ги завршиме. Ветерниот парк во Богданци кој што е со јачина од 36 мегавати, а со дополнителна инвестиција од 14 мегавати ќе го заокружиме проектот на 50 мегавати ветерен парк во Богданци. Следната фаза е новиот ветерен парк од 50 мегавати во Миравци“, рече Ковачевски.

Тој очекува дека со инвестициите во обновливите извори на енергија, како во фотоволтаиците, во хидроелектраните, како ревитализација на постојните така и нови проекти, потоа во ветерните паркови и гасификацијата која што е надежна за производство на енергија, ќе се покрие побарувачката и ќе се задоволи производството на енергија, и на тој начин конечно ќе се стави крај на производство на енергија од нееколошки горива.

Извор: https://nezavisen.mk/

Денес во РЕК Битола се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на комбинатот на кој се донесе Акционен план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани