Webp.net gifmaker

Машина за чистење подови и средства за дезинфекција донираа АД ЕСМ, РЕК Битола и Синдикалните органзиации за Вакциналниот центар во Битола

Мај 25, 2021

Државните електрани, РЕК Битола и Синдикалните организации на ЕСМ и РЕК,  денеска донираа машина за чистење подови и  средства за хигиена и дезинфекција за Регионалниот вакцинален центар во Битола.

-Денеска АД ЕСМ, РЕК Битола и Синидаклните организации, уште еднаш ја покажуваат општествената одговорност со донација на машина за чистење на подови, средства за дезинфекција за Здравствениот дом од Битола, поточно за вакциналниот пункт во салата во Медицинското училиште. Со тоа ќе се овозможат подобри улсови за хигинеа на овој вакцинален пункт. Сакам да кажам дека нашата компанија и синидкалните органзиации секогаш излегуваат во пресрет и ана подеинци и на институции , ја покажуваме нашата општествена одгворност како комапнија, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

Директорката ан Здравсвениот дом во Битола, Весна Спирковска, се заблагодари за донацијата и рече дека оваа машина ќе с екористи во вакциналниот пункт додека има потреба, а потоа ќе биде на располагање на Здравствениот дом, кој со низа инвестиции целосно го промени својот лик.

-Сакам да ја искажам благодарноста на РЕК и ЕСМ и синдикалните организации за оваа донација, која не е прва, претходно имавме донација на13 илјади шишања, а денес ја добивме оваа машина за машинско чистење подови, која сега ќе секористи за одржување на хигиената во Регионалниот вакцинален пункт, а потоа ќе се користи за Здравствениот дом во Битола.

Над 17 илјади граѓани од општините Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар се вакцинирани во битолскиот Регионален центар од почетокот на масовната имунизација. Интересот секојдневно се зголемува, а старосната граница се спушта, но паралелно се одвива и вакцинацијата и ревакцинацијата на повозрасната популација.

-Поради пропуштање на некои возрасни групи, не се пријавиле, не биле во можност да се вакцинаираат, тое се одвива на етапи. Некогаш сме стигнале и до 50 или 45 годишна возраст. Но, се навраќаме и не се изоствауваат најкритичните, најранливата кетогрија, над 60, 70, 80 години, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом-Битола. На почеток поради пропуштање до 26 60 години

Покрај вакцинацијата во Регионалниот центар во спортската сала на медицинското училите, мобилни медицински тимови ги вакцинираат неподвижните граѓани во нивните домови.

-Денес после пладне имаме повторно вакцинација и ревакцинација на луѓе кои се неподвижни, имаме возило со екипа на Итната медициснка помош, па нашите екипите со наше возило се транспортираат да ги вакцинираат во нивните домови, вели Спироковска. На 27 денес до крај

Вчера во Битола пристигна нова пратка од 7000 вакцини од кинески Синофарм, со што од Здравствен дом велат дека процесот на имунизација продолжува непречено.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани