АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гласањето на фер и демократски избори е празник на демократијата. Во политиката, она што е најважно е гласот на народот. Јас сум длабоко убедена дека битолчани денес, слободно, најдемократски ќе го кажат својот збор. Јас сум сигурна дека денес, во Битола, ќе биде завршена работата што се однесува до локалните избори , рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата на денешното гласање во избирачко место во ОУ „Кирил и Методиј“ во Битола.
До 17 часот гласале половина од гласачите од Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи.
Ако не сте ја чуле изреката „се врти како куче на касапница“, погледнете ја само сликата и се ќе ви биде јасно.
Со тапани и зурли, денеска напладне беа пречекани гласачите, кои гласаа на двете изборачки места во битолскиот Музеј. Музиката се слушаше се до Широк Сокак, а свирачите велат дека овој пат не свират само за турските турсти кои доаѓаат во посета на Музејот , туку и за гласачите, со песна да им помине гласањето.
Навреме и без проблеми почна гласањето на шестите по ред локални избори во Битола. Точно во 7 часот отворени се сите 170 гласачки места на кои може да гласаат 83.616 граѓани, евидентирани на единствениот избирачки список.
Претседателот на ОИК-Битола, Зоран Насев, за апла.мк, потврди дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки..
Како што информираше Насев, вчера во Битола гласале 49 затвореници во затворот„Црн мост“,како и 64 болни и изнемоштени лица во нивните домови.