АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Невремето што попладнево зафати делови од Пелагонија, предизвика големи штети врз земјоделските посеви, посебно во село Српци и неговата околина, каде врнеше град со големина на орев. Оштетувања најмногу има кај тутунот, но земјодлесците, велат дека уништено е се што е посадено.
-Градот го покоси целиот род, ништо не остана. Тутунот, лозјата, бостанот, пченка и пченица, се е уништено. Врнеше дваесетина минути, најмногу штети има во Српци, велат за жители од ова село за апла.мк
Тие бараат општинската комисија на Могила, формирана пред две недели кога град зафати други села во Пелагонија, да изврши увид и да направи проценки на штетите врз нивните имоти.
Речиси никој од земјодлеците од овој крај немаат осигурување за посевите.
Фасцинантна фотографија од невремето кое попладнево беснееше над Битола направи битолскиот фотограф и камерман Агим Џело. Фотографскиот запис е направен од месноста Смолево на патот кон Студентскиот дом, токму во моментите на кулминација на бурата во градот. На неа се гледа како од небото паѓа гром, најверојатно на излезот од Битола кон Прилеп. Фотографијата е доказ дека и нешто убаво може да се изроди од страшното невреме, барем кога уметноста е во прашање.
Обилните врнежи дожд кои паднаа попладнево во Битола поплавија улици во повисоките делови од градот, како во населбата Баир и околу неа. Реки од вода течеа по улиците Караорман, Мирче Ацев, Козара, Дебарска и други, при тоа попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. По овие улици беше невозможно да се движат пешаци дури траеше невремето.
Пороен дожд, грмежи и град најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови.