АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неверојатни фотографии објави на фб страна ски центарот Нижеполе, на кои планината е побелена како да наврнало снег, но всушност белилото е од огромите количини на град кои заврнаа попладнево во небремето што го зафати Потпелистерието.
Силно невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град го зафати Потпелистерието поладнево. Наши читатели испраќаат фотографии од Потпелистерско Нижеполе каде се е побелено, но не од снег туку од врнежи од град. Невремето трае повеќе од половина час.
За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион, но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град. Сепак, со ова авионско засејување беше намален интензитетот на овие обалци, што значи штетите предизвикани врз земјодлеските посеви можеа да бидат уште поголеми без авионското засејување.
И покрај авионското третирање за заштита на овоштарниците , направена е огромна штета . Општина Ресен ќе објави јавен повик за пријавување на штета од временска непогода и комисиите за проценка ќе излезе на терен.