АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Град наврна како снег во Битола. Од врнежите побелеа тревните површини во градот. Дел од улиците се преполанаа со вода зашто атмосферската канализација не можеше да го прифати обилниот прилив на вода од наврнатиот дожд. Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град попладнево го зафати Битолскиот Регион.
Силно невреме проследено со град, ветар и грмежи, го зафати Потпелистерието.
Наши читатели јавуваат дека големо невреме имало и во Нижеполе кое траело половина час, а било проследено со дожд, а потоа и со град.
Невремето ги сакати јаболкниците во Преспа.
„Долна Препа ја зафати силно невреме, буквално ни се случи водопад од град и дожд. Пороен дожд проследен со многу силни ветрови однесе се пред себе. Сите јаболка и лисја се на земја, штетите се сто проценти“, рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.