2win800x200

Осмомартовска средба на битолските поетеси со директорот на Библиотеката Стефановски

Март 09, 2022

 

 
По повод 8 Март -Меѓународниот ден на жената, директорот на НУУБ "Св. Климент Охридски" -Битола, м-р Бојан Стефановски,  им го честита празникот и им подари цвеќе на дел од поетесите од Битолскиот книжевен круг: Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска -Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска и Мирјана Стојановска и на ликовниот уметник Љубица Мешковска Солак кои беа дел од кампањата „8 ПОЕТЕСИ за 8 МАРТ“.
Воедно Стефановски им ги додели и наградите на добитничките кои  испратија најубави пораки за 8 Март.
 
-Сите останати читателки ги покануваме да ја посетат нашата библиотека и да си подигнат од палетата на осмомартовски поклончиња кои ги изработија учениците од графичката струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола, велат од Битолската библиотека
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани