Буџетот на општина Битола е во насока на финансиско консолидирање , рече градоначалничката Петровска

Мај 22, 2018

Приходите во Општина Битола за првиот квартал од 2018 година се повеќе од 110 милиони денари , што споредено со 2017 година кога биле над 94 милиони денари покажува разлика од над 15 милиони денари повеќе приходи, или 16 проценти разлика . Во делот на расходите ситуација е обратна во 2017 година расходот бил повеќе од 107 милиони денари, наспроти 2018 година кога таа бројка е над 90 милиони денари. Што значи дека расходот е помал за 16 проценти или поточно за над 17 милини денари , рече меѓудругото градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет давајќи извештај за реализацијата на буџетот во првиот квартал за годинава.

 

-Не е битно да направите само ваква разлика , туку е битно да кажете на што се однесува тој расход , колкав е капацитетот и можноста на Општината во дадениот момент и дали домаќински сте ги потрошиле парите. Значи имаме разлика од 19 милиони денари годинава помеѓу приходот и расходот .Тоа се бројки коишто за жал опозицијата не сака да ги слушни и тоа се поместувањата во политиките како се движи  буџетот на Општина Битола  што е во насока на финансиско консолидирање , рече Петровска додавајќи дека бројките покажуваат дека економијата во градот заживува.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани