2win800x200

Коњановски-Повикувам да се прифати новиот ребаланс на седницата на 6 септември

Септември 04, 2023
Општина Битола, мора да работи законски и транспарентно, јасно, разбирливо за јавноста, без шпекулации и обиди за манипулација на граѓаните.
Токму затоа, почитувајќи ги амандманите на сите советнички групи на кои сакам да им се заблагодарам за посветената работа во овој период, како предлагач, изготвив нов ребаланс на буџетот, во кој се вклопени најголемиот дел од предлозите на советниците.
Но и покрај моето инсистирање да се пристапи кон усвојување на функционален и законски ребаланс на буџетот, закажана е седница на Советот за 06.09.2023, со дневен ред, каде првата точка е спротивна на законите и на која ќе биде повторно разгледуван, невчитаниот ребаланс на буџетот, усвоен на 11.07.2023. Со ваквото постапување, повторно би се донесле, законски неприменливи одлуки, кои не можат да произведуваат правно дејство.
Напоменувам: Законот за буџетите не познава и не дава можност да се вршат измени и дополнувања на измените и дополнувањата на Буџетот.
Затоа, уште денес, ќе испратам известување до сите советници, во кое ќе побарам повлекување на првата точка на дневен ред и дополнување на истиот со две точки:
- Ставање вон сила на донесените измени и дополнувања на буџетот од 11.07 и
- Усвојување на новите измени и дополнувања на Буџетот, кои што се предложени и доставени од моја страна до Советот на Општина Битола на ден 11.08.2023 година.
Очекувам, моите предлози да бидат прифатени од страна на советниците, за да имаме функционален ребаланс на буџетот кој ќе биде вчитан од Министерството за финансии и ќе дозволи реализација на капитални проекти, поддршка на спортот, културата и другите планирани проекти.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани