2win800x200

Иванчо Тошевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, со повик до битолчани за утрешниот собир во Скопје:

Јуни 01, 2018

„Ве повикувам сите заедно утре на 2-ри јуни во Скопје пред Влада, да излеземе на мирен, но историски важен протестен собир.

Ве повикувам сите Вас во чии што вени тече македонштината за да застанеме во одбрана на истата. Ве повикувам заради одбрана на минатото кое што со крв го чуваа нашите предци. Ве повикувам да го одбраниме достоинството на нашата држава за да можеме и ние достоинствено да ја оставиме во аманет на нашите поколенија. Ве повикувам да не останеме неми пред уривањето на нашата света земја што ја разнебитуваат во сите сегменти од нашиот живот и со заеднички сили и многубројност да упатиме силна и јасна порака дека Македонија е таа што сите нас не обединува.

 

Ве повикувам Вас младите заради вашата несигурна иднина и заради вашите изневерени надежи и ветувања.

Ве повикувам Вас лекарите и медицинскиот персонал заради лагата за 100 000 денари плата како и заради стопирање на сите капитални проекти во здравството.

Ве повикувам Вас професорите и јавната администрација заради најголемата лага што ви ја пласира Зоран Заев пред изборите – петстотини евра плата.

Ве повикувам Вас градежниците заради тоа што кланот Заеви ги запре сите градежните проекти и не дозволи реализирање на капитални градежни инвестиции.

Ве повикувам Вас мои соседи и драги пријатели затоа што секое семејство заради јавниот долг на државата е задолжено со 10 200 евра.

Ве повикувам и Вас земјоделците заради што некој повторно нема слух за вашата мака и намалените субвенции за 11%.

Ве повикувам затоа што економијата е во колапс, а државата на колена“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани