2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кој ги чувал документите за мостот во фиока?

Јуни 21, 2022

Кој ги чувал документите во фиока за реконструкција на мостот во Битола, се отвори како прашање во  дискусиите на денешната седница на Совет. Претседателката Габриела Илиевска рече дека мостот ќе се направеше побрзо ако водостопанската согласност не дремела во нечија фиока 36 дена. На ова возврати Жаклина Наумовска, советничка од редовите на СДСМ, која рече дека не по министерства, туку на друго место биле чувани документите во фиока за некој друг да бери политички поени.

„Единствен проект кој целосно е реализиран, не знам зошто некој се срами да каже, тоа е мостот и ќе беше многу побрзо реализиран, доколку имаше соработка меѓу централна и локална власт , односно решението за водостопанска согласност не дремеше во нечија фиока 36 дена, а за Министерството за транспорт и врски знаеме со какви притисоци стигна за помалку од три дена. Вие тука сте партиски членови, апелирајте во партиите да работат во интерес на граѓаните, а тие сами ќе одберат кој ќе биде победник и кој ќе напише историја“, рече претседателката на Советот Габриела Илиевска, советник од редовите од Поинаку.

На ваквиот апел советничката од СДСМ, Жаклина Наумовска, рече дека можеби некои советници порано беа независни, но дека денес никој не верува во тоа. Таа додаде дека не во инстутуциите кои се под централна капа, туку на друго место се чувале документите за некој друг да бери политички поени.

„За мостот најодговорно тврдам, не сакам никој да напаѓам, но да не бидат нападнати ни инстутуциите кои ги раководи сегашната власт, да ѝ биде јасно на битолската јавност: некој имал желба сето тоа да биде направено побрзо, ама некој друг за да може да бере дневно политички поени не си ја завршил работата. Ова испаѓа дека не во Министерството некој ги чувал во фиока документите, туку некој на друго место ги чувал документите и не си ја завршил работата со сугестиите кои му биле укажани да бидат корегирани во документацијата. Малку повеќе треба да бидеме коректни“, рече Наумовска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани