По наградата си посакувам реновиран ЦК „Марко Цепенков“ и нов театар во Прилеп- интервју со актерот Никола Пројчевски

Јуни 09, 2022

Пројчевски е еден од најплодните битолски актери, скоро и да нема претстава на сцената на Народниот театар во Битола во која тој не игра, а со неговите комични улоги е омилен кај публиката. Но, со актерската игра во претставата „Артуро Уи“ покажа уште еднаш дека поддеднакво е добар и во трагични ликови. Добитник е на наградата за епизодна машка улога "Димче Трајковски" на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

286549487 1083299582257026 4441172203850209874 n

-Пет во едно, така можат да се опишат ликовите кои ги играш во оваа театарска претстава која ожнеа награди на „Војдан Чернодрински“. Беше тешко тоа да се постигне?

Н.П.: Играм пет ликови...замислете трагични ликови...со исклучок на едниот...на крајот секој од овие карактери бива убиен...Секогаш и во животов наш има такви личности кои се наоѓаат несреќно среде сплетките на најпоганите и завршуваат трагично бивајќи само инструмент преку кој ќе дојдат до исполнување на замислата на оние опаките...Ќе ти ја исцицаат дарбата , ќе ти се качат учка и ќе се довлечкаат до тронот ...Ете тоа е тежинат на умешноста!

-Прерасна во еден од најдобрите актери комичари што ги имаме? Дали покрај талентот потребно е и многу работа?

Н.П: Порано сакав да кажувам дека сум актер комичар. Но, со секоја година помината на сцена, сфаќам оти имам многу повеќе и оти како и во претставата „Артуро Уи“ , можам да бидам уште подобар и во помалку комичните парчиња! Но да, верувајте треба и многу, многу искуство, а тоа секако се стекнува со градење театраски континуитет

-Познат си и по тоа што на случувањата од секојдневниот живот му даваш простор во твоите улоги, а тоа претставите ги прави поприемливи за публиката и поинтересни.

Н.П.: Само црпење од секојдневниот живот и адаптирање на сцената може да доведе до создавање вредно уметничко дело, достојно за почит. Оние дела кои се производ на пресликувања-рециклажа на видеа, текстови, фотографии собрани од социјални мрежи или од јутјуб не вредат пет-пари!

283857771 862716501797776 2837886780809372278 n

-Кој момент ти бил најрадосен на сцена, а кој најтажен?

Н.П.: Се радувам речиси еднакво на се` поврзано со театраот кој го правам од самиот почеток. Tажни ми се моментите кога се повторуваме и чуствувајќи презаситеност стануваме и товар за околината...

-Каков е театрот денес по сите поминати премрежија?

Н.П.: Театарот е таму каде што го оставивме пред корона вирусот. Преживува како што ние преживуваме во економско општествените прилики-неприлики полн со исполитизираност и фрустрации на чинителите за кои самите сме си виновни. Но, има надеж...

-Дали наградата ти беше очекувана и што би порачал?

Н.П: Не би рекол очекувана, но бев стопроцентно сигурен дека имам направено ликови вредни за награда. Еве како награден на нашиот најголем фeстивал би порачал итно реновирање на ЦК Марко Цепенков и секако нов театар во Прилеп, за да има кај да си ги мериме силите достојно. 

286319972 1442251376196173 7651329567033667003 n

286562625 591173425583949 180716550393753539 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани