АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Битола до Ѓевгелија и Скопје, стотици граѓани денеска допатуваа во Битола од други градови на државата на протестот против потпишувањето на договорот за смена на името.
Овој протест нема да биде последен, ќе продолжиме да протестираме ако треба и во Солун, рекоа граѓаните пред камерите.
-Нема да застанеме, туку ќе продолжиме, ако треба и во Солун ќе протестираме. Солун наш ќе го завземиме, се додека комплетно не вратиме се што е македонско, јазик, култура, држава, име знаме. Ова е знамето наше, а не оној вентилатор со четири перки, рече битолчанец држејќи го во раце знамето од Кутлеш.
-Договорот може да се избриши, договорот не важи без претседателот Иванов, без двотретинско мнозинство во Парламентот, рече друг граѓанин.
Ѓевгеличанец кој кажа дека организирано со автобуси дошле на протестот во Битола видно возбуден рече дека дошол на протестот бидејќи неможе да сфати што се случило со Македонија.
-Што имаме од ова , што сакаат да добијат со смената на името. Срамота, ние сме народ, ние сме историја, зарем сето ова да се заборави. Друг збор немам, многу сим возбуден, да е жива и здрава Македонија, рече жителот на Ѓевгелија.
Битолчанка пак преку приказни за Преспа рече дека дошла на протестот да ја брани Македонија.
-Договорот не важи, една е наша Македонија, нема каде да одиме. Мислам дека Македонија била до Ниш, рече таа.
.