АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сакам да ја прашам директорката на Културно информативниот центар КИЦ, кој е концептот со Офицерски дом, која е визијата и кој е нејзиниот план за работа? Мојот впечаток е дека Офицерскиот дом, кој што е еден од најважните културни објекти во градот го претворила во Ивент центар. Некни имаше моторџии, пред тоа бајкери, пред тоа тркачи, па свадби, а некој си прави селфи. Тоа е културен објект, за кој ние тука во Советот треба да донесеме одлука како ќе се користи. Не може да биде Ивент центра и секој да плати и да прави приватна забава. Да, знам треба да функционира, но треба да најдеме модел како да функционира. Да има тарифи, но не може се и сешто да се организира во Офицерски дом. Го запустивте Офицерскиот дом, кој сакавте да се продаде. Ние тука носевме одлуки како да се изгради, како да му го вратиме стариот сјај за сите ќе се гордееме со него. Секоја чест и на бајкери и на моторџии, но во градот има место за сите, не мора сите да бидат во Офицерски
.