Општина Битола утврди годишен план за спречување на корупција и судир на интереси

Ноември 07, 2022

Општина Битола утврди годишен план за спречување на корупцијата и судирот на интереси, документ што го усвои Советот на Општината и се однесува на периодот од октомври 2022 година до октомври 2023 година..

-Со реализација на планот ќе се обезбеди подигање на довербата кон општинските органи, јавни служби и установи основани од општината, ефикасно користење на јавните ресурси, како и јакнење на демократијата и општествените вредности, информираат од Општина Битола.

Годишниот план за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно антикорупциската политика, Општина Битола ја базира на повеќе законски и подзаконски акти како што се Кривичниот законик, Законот за заштита на укажувачи, Законот за лобирање, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Кодексот на административни службеници, како и Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и Цивилната конвенција за спречување корупција.

Со годишниот акциски план за антикорупција ќе се зголеми нивото на политичка одговорност и демонстрирана волја за борба против корупција, јакнење на интегритетот и отчетноста, зголемување на транспарентноста и одговорноста на вработените кон граѓаните, како и подобрување на ефикасноста во работењето, јакнење на надзорните и контролните механизми, кои ќе ја ограничат и спречат можноста за злоупотреба на службената положба за остварување на лична корист, како и еднаков третман кон граѓаните во добивањето на услуги од страна на општинската администрација.

Составен дел на годишниот план е акциски план во кој детално се разработени идентификуваните мерки со активности и индикатори, потврдија од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани