АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заклучно со 30.04.2020 во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се вкупно 329 брисеви за COVID-19 од кои 276 по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), а 53 преку упатување од матичен лекар преку ситемот Мој термин. (Табела 1)
Табела 1. Земени брисеви за COVID-19 по градови на територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
- - епидемиолошки индикации -мој термин- вкупно
Битола ------------------------214 --------------45-------- 259
Кичево --------------------------19 ---------------3 ----------22
Ресен----------------------------- 3 ---------------2 ------------5
Д.Хисар ------------------------19--------------- 1 -----------20
други градови ----------------21 --------------2------------ 23
-вкупно ------------------------276-------------- 53--------- 329
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 22 лица, од кои 19 се со место на живеење во Битола, 2 во Кичево и едно лице во Демир Хисар. (Табела 2)
Табела 2. Дистрибуција на заболени лица со COVID-19 по градови на територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и исход на заболување
--- болест во тек /оздравен /смртен исход /вкупно
Битола-------4 --------------14--------------1--------------19
Кичево-------2 ------------------------------------------------2
Ресен
Д.Хисар------------------------1-------------------------------1
-Вкупно ------ 6 --------------15--------------1------------ 22
Возраста на заболените се движи од 5 до 85 годишна возраст (График 1), а во однос на дистрибуцијата по пол заболени се 10 лица од машки и 12 лица од женски пол.
График 1. Дистрибуција на заболени лица со COVID-19 по возрасни групи на територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
возраст години/ број на заболени
80-89------------------ =1
70-79------------------ =0
60-69------------------ =1
50-5-------------------- =3
40-49------------------ =6
30-39------------------ =5
20-29------------------ =3
10-19 ------------------=1
0-9 --------------------- =2
Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, едно лице од Кичево е хоспитализирано во болницата ‘’8 ми септември’’ во Скопје.
Едно лице на возраст од 66 години кое беше хоспитализирано во Клиничка болница- Битола на Одделението за инфективни болести почина. Лицето беше во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Од вкупниот број на заболени лица 9 се здравствени работници. (Табела 3)
Табела 3. Дистрибуција на заболени здравствени работници со COVID-19 по градови на територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и исход на заболување
болест во тек / оздравен /вкупно
Битола------------1----------- 7----------8
Кичево
Ресен
Д.Хисар ------------------------1----------1
-Вкупно --------- 1 ------------8--------- 9
Вкупно 208 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.