2win800x200

Нашата средношколка Емилија Крстевска е избрана за стипендист на американската програма Кенеди-Лугар

Април 28, 2020

Ученичката Емилија Крстевска од СОУ „Таки Даскало“ Битола, која е дел од првата генeрација на македонско-англиска билингвална паралелка, е добитник на целосна стипендија од програмата Кенеди-Лугар-размена и учeње на младитe (KL-YES Program) за учебната 2020/2021 година.

Ученичката ќе престојува во државата Вашингтон и ќе биде „младa амбасадоркa“ од Македонија. Таа ќе го промовира меѓусебното разбирање преку воспоставување трајни односи со нејзиното семејство-домаќин и заедницата каде ќе престојува. Настава ќе посетува во американско средно училиште и таму ќе биде вклучена во програми за стекнување лидерски вештини. Преку учество во активности за запознавање со американското општество и вредности, Емилија исто така ќе ја промовира нашата земја и култура, изјави Валентина Богојовска, професор по англиски јазик во СОУ „Таки Даскало“ Битола.

 KL-YES програмата e основана во 2002 и е финансирана од американскиот Стејт департмент, Бирото за образовни и културни работи кое обезбедува стипендии за средношколци за да изучат една академска година во Соединетите Американски Држави. Програмата официјално започна во Република Северна Македонија во 2009 година, со надеж дека ќе ја прошири комуникацијата помеѓу граѓаните на Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, со цел промовирање на меѓусебно разбирање и почитување. Оттогаш, 125 македонски ученици ја завршија YES програмата и сега учествуваат како алумни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани