2win800x200

„Ова е тешка книга поради тоа што зборува за нас какви сме биле и што се сме си сториле“, Ѓунер Исмаил за книгата на д-р Александар Литовски, „Нашето националистичко пијанство“

Јули 14, 2018

Пренесуваме дел од промотивниот говор на Ѓунер Исмаил, еден од промоторите на книгата „Нашето националистичко пијанство“ од д-р Александар Литовски

 

„На јавната сцена Литовски не е од 2015-та туку од многу порано и е еден од ретките кои не се стеснувал појавите, процесите да ги види, препознае, именува и ни ги соопшти. Да, имаше времиња во кои таквите како Литовски беа куриозитет, а нивниот глас беше како глас во пустината кој никој не само што не го слуша, туку и не сака,не го чита, “умира од страв“! Се присетувате можеби на моментите кога некој некаде ќе го споменеше зборот фашизам и на молкот, и тивкото разбегување, “под тепих“. И денес како да ги слушам м‘рморењата, во себе, под брада, за “види го оанј будалата што зборува“! А зошто било така, одговорот, а се надевам и поуките, ќего најдете во оваа книга во, безмалку, секој текст, на секоја страница.

Да, да. Ја препорачав книгата а сега ќе Ве предупредам! Ова е тешка книга. Не заради стилот, Не заради обемноста. Не заради структурата која кај вакви книги кои се збир на релативно, кратки колумни знае да биде проблем додека се пофатат главните линии кои “ја водат играта“. Тешка е заради тоа што зборува за нас какви сме биле и да бидам груб, што се сме си сториле. Како сме дозволиле Македонија да биде, пак ќе го цитирам Литовски, “срамно место за живеење“. Но, за среќа, тежината на оваа книга во себе ја содржи лековитоста каква ја имаат сите горчливи лекови. Затоа, за да малку од малку, му помогнеме на нашиот дух да застане на нозе, ваквите четива мораат да бидат на позитивната листа на нужни лекови. Ќе Ви биде од голема помошза да ја раберете суштината на македонскиот фашизам. Да разберете како тоа токму нам да ни се случи, а ние така кротки, фини, убави, по малку наивни, ама и неутрални, нели!? Ќе ни помогне веќе никогаш да не се случи привидот да биде замена за вистината, за реалноста, бидејки Литовски со една надмоќна, марксистички опремена сознајна апаратура, ја разорува лажната стварност која, заради многу, за жал “бедни“, причини сме се согласувале да ја прифатиме како реалност, да ја живееме, да си молчиме, а со тоа и ја крепиме. Во годините зад нас за жал оваа земја имаше премалку луѓе како Литовски за да агонијата барем ни се скрати. И сега не се којзнае колку ама белки, така си велам, барем некоја реченица, барем некој фрагмент, барем некој исказ ќе допре до неколкумина па ќе можеме како општество да бидеме, донекаде, имунизирани од некои идни болештии.

Литовски својот долг како интелектуалец го исполни, свесен дека ни следува следна фаза во која совеста на интелектуалецот ќе мора да му биде главен сојузник. Вели:““...Одкако ќе помине ова мафијашко невреме, сакале-не сакале, ние ќе мораме да се зафатиме со макотрпната работа за оживување на моралот во секојдневниот живот и враќање на моралнитте норми при практикувањето на политиката“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани