2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Референдумот е темелот на нашата иднина, рече Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ

Јули 13, 2018

После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме, изјави на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Македонија доби покана да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, да стане рамноправен партнер на демократските и развиени земји.Се остварува заложбата на сите досегашни влади, на сите досегашни парламентарни состави. Се остварува клучната цел на нашата генерација: Македонија да биде стабилна, безбедна, сигурна и напредна држава, во сојуз со демократскиот свет. Членството во НАТО не носи само загарантирана безбедност и сигурност. Членството во НАТО носи влез на нови и сериозни странски инвестиции, зајакната конкурентност и зголемена доверба во економијата. Нови работни места, и поквалитетни услови за живот на сите граѓани во Република Македонија“, рече Кирацовски.

 

Тој истакна дека референдумот е темел на нашата иднина ги повика граѓаните да не се испушта оваа историска шанса.

 

„Македонскиот идентитет е обезбеден. Како генерација имаме неповторлива можност да донесеме историска одлука со којашто ја обезбедуваме нашата македонска сегашност и нашата македонска иднина.Во изминатите неколку месеци, ја поминавме буквално цела Македонија. Сите градови и села, се сретнавме со многу наши граѓани, поддржувачи, критичари, на плоштадите, пред продавниците, во селата. Граѓаните на Република Македонија во огромно мнозинство даваат силна поддршка на процесите коишто ја носат Македонија напред, и ја интегрираат во НАТО Алијансата и во ЕУ.Референдумот е пред нас. Како што ни личи, гордо и достоинствено да донесеме вистинска одлука. Да кажеме ДА за влез во НАТО! ДА за почеток на преговори за членство во ЕУ!
Референдум е темелот на нашата иднина. Од нас зависи“, рече Кирацовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани