АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Природните убавините на Националниот парк Пелистер и изградбата на новиот авантуристичкиот парк, кој е во завршна фаза, од 9 до 17 септември овој месец, беа претставени на мега саемот HELEXPO во Солун, Република Грција.
Во рамките на проектот „Авантура преку границите“ заедно со Националниот парк „Пелистер“ Битола, партнери се и Младинско христијанско здружение – Солун/ИМКА Солун и Грчка национална туристичка организација/GNTO.
Промотивен материјал за убавините и потенцијалот на НП Пелистер за саемот беше испечат на англиски јазик, а пред самиот павилјон на видео бим беше презентиран и видео материјал.
На саемот на 13 и 14 септември, учествуваат и двајца наши претставници од ЈУНП „Пелистер“- Оливер Божиновски и Зоран Пројчевски.
„Целата убавина на Пелистер и сите атрибути на Националниот парк и нашата установа на едно високо ниво беа претставени преку видео и фотографии на промотивен материјал на мега саемот HELEXPO во Солун. Имавме сопствен штанд за потребите на проектот ‘Авантуристички парк’, каде посетителите од различни возрасти и професии имаа можност да се запознаат со нашите потенцијали и тековните активности за изградбата на паркот. Воодушевени од она што го видоа на промотивниот материјал за Пелистер, посетителите се заинтересираа за содржините на авантуристичкиот парк за возрасни и деца, виа фератата, ЗИП-линијата. Во исто време промотивни летоци беа достапни и за грчката дестинација Нимфајо, која исто така е во рамките на проектот“, рече Оливер Божиновски, претставник на ЈУНП Пелистер Битола.
Во Националниот парк Пелистер-Битола е трет партнер во проектот со акроним-advenTOUR кој се спроведува во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Грција-Република Северна Македонија, 2014-2020. Вкупен договорен буџет на проектот изнесува 653 670 евра, а додека вкупниот буџет за НП Пелистер е 203 500 евра.
Во проектот е вклучено и Министерство за локална самоуправа на Северна Македонија, како ко-финансиер со поддршка од 15 проценти од вкупната сума за изведба на проектот, а со финансиска поддршка учествува и Општина Битола.
А. Блажевска