Webp.net gifmaker

Битолчанецот Филип Етмишовски, колекционер на автограми ги чека потписите на Обама и Црвенковски

Октомври 11, 2017

Седумнаесет годишниот битолчанец Филип Етмишовски, успешно се занимава со филографија, неговата колекцијата брои повеќе од 400 автограми, меѓу нив потписите на Владимир Путин, Димитриј Медведев, Меделин Олбрајт, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Франсоа Оланд, Вацлав Хавел, Виктор Орбан, Јулија Тимошенко, Тони Блер Бан Ки Мун, и уште многу други..

Филип е ученик во средното Економско училиште во Битола и поради неговото хоби размислува да студира политички науки и дипломатија. 

Секој добиен автограм од важни политички и историски личности за Филип е посебна приказна и доживување. Колку потешко го добил потписот, толку му е подраг, особено рачно потпишаните, што е вистинска реткост, забележува тој.

Овој млад битолчанец, со интерсно хоби би сакал да ја комплетира и колекцијата на автограми со сите претседатели и премиери на Македонија.

-Лани за парламентарните избори на 11 декември го добив автограмот од поранешниот премиер Никола Груевски, годинава за локалните избори , пред една недела на митингот во Битола, зедов автограмот и од актуелниот премиер Зоран Заев. Сега ми недостигаат автограмите од поранешните премиери Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Емил Димитриев-вели Филип.

Филип, вели дека ќе биде упорен да ги добие потписите на најмоќните лидери на денешницата и минатото, Роберт Мугабе, Михаил Горбачов, Далај Лама и Барак Обама..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани