2win800x200

Школата на Марина Коруновска сите средства од концертите во 2024 ќе ги донира за исклучително талентирани деца

Декември 21, 2023

Професорката Марина Коруновска, која во рамките на нејзината музичка школа со исклучителна посветеност работи на промоција на музиката и создавање на нови млади таленти, но, посветено работи и со  повозрасните кои ја сакаат музиката, со емотивен статус ја најави својата мисија за следната 2024 година. Сите средства од концертите ќе бидат донирани за финансирање на исклучително талентирани деца, избрани по строги критериуми.

-КORUNOVSKA MUSIC & SINGING со достоинство, гордост и огромна возбуда ви најавува дека следната 2024 година, средствата од СИТЕ наши концерти, ќе бидат ДОНИРАНИ за финансирање на ИСКЛУЧИТЕЛНО ТАЛЕНТИРАНИ ДЕЦА кои ќе бидат избрани според строго определени критериуми, кои ќе бидат објавени наскоро, напиша Коруновска

Таа ја раскажа нејзината емотивна животна приказна, битката и упорноста да се школува и да ги оствари своите соништа.

„Уште како дете со само 16 години, кога заминував да го продолжам средното образование во Белград, Р. Србија, избрана од проф. Људмила Грос, како исклучителен талент, но и дете на самохран родител со две талентирани деца, се соочив со фактот дека имаме 0 средства за да можам тоа да го остварам.

Беше многу болно и за мене и за мајка ми.

Но, таа беше борец, жена посветена максимално на децата. Не спиеше, не јадеше, додека не изнајде решение за јас да продолжам да учам средно музичко училиште во Белград, а брат ми да го продолжи својот пат во голманската кариера.

Освен поддршката од блиските по душа луѓе и роднини, еден ден, се јави една женска личност која го покриваше 3 години моето школување со потребниот минимум. Требаше и да работам и да учам. И тоа го правев без да се жалам. Во Битола можев да си дојдам два пати годината, за летниот и зимскиот распуст. Немаше интернет, немаше мобилни телефони. Имаше писма и еднаш неделно можев да се слушнам со мајка ми и брат ми на телефон, кој беше прескап за нашата финансиска ситуација.

Кога заминав, ИМАВ СОН , еден ден да имам можност да помагам на талентирани и добри деца, да го најдат својот пат, а мајките да ја немаат болката која мајка ми ја имаше. (две талентирани деца, под кирија, со учителска плата).

И тој ден, ДОЈДЕ , можеби не како што тогаш го замислував. Но, дојде ! Со многу работа, труд, дисциплина, посветеност, љубов кон музиката, децата и човечкиот род во неговата возвишена форма.

Правилото на универзумот е: тоа што си го зел, треба да го вратиш за добробит на другите и добробит на Битола, на Македонија и на целиот род“, напиша Коруновска на социјалните мрежи и предизвика бура од емоции

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани