2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Валентин Соклевски серенадата „Да ни потрае денот“ ја посвети на сопругата Вера

Јуни 29, 2024

 -Прекрасно е да се има песни на фестивалот „Ех таа серенада“. Прекрасно е кога тие песни за прв пат ќе ги чујат битолчани, граѓаните на градот кој е можеби најопеан во светот. Прекрасни се муабетитите, критиките, стручните расправи, мајтапите по Широк Сокак, низ чаршијата, низ битолските маала околу рефрените, темите, пеачите, авторите... Прекрасно е кога по одредено време ќе си ја слушнам песната на ТВ, радио, низ меаните, кафичите, рестораните, седенките, прославите дружбите...“, раскажува Соклевски за Апла.мк

 

Валентин Соклевски, најплодниот текстописец од Битола чија вечна тема е градот и битолчани оваа година напиша текстови за две битолски серенади на најновото издание на фестивалот „Ех таа серенада“ што ќе се одржи на 11 јули во Офицрескиот дом во Битола.

Соклевски наведува дека првата песна со наслов „Да ни потрае денот“ е чиста човечка емоција преточена во мелодија, збор и глас која ја слави вечната љубов.

Автор на музиката и аранжманот е прекрасниот Давор Нечак кој веќе блеска со прекрасен музички сјај, генијална авторска препознатливост украсена со медитерански призвук и битолска староградска патина.

„Пред Давор е иднината“, вели Соклевски.

-Интересно е тоа што песната е соработка со новата генерација од фамилијата Нечак и претставува продолжување на континутетот на мојата долгогодишната успешна соработката со неговиот татко Марјан и неговиот чичко Миодраг“, раскажува текстописецот.

Песната „Да ни потрае денот“ , Соклевски вели дека ќе ја интерпретира, „мојот децениски искрен другар, музичката легенда, битолскиот славеј Сефедин Бајрамов чиј што кадифен глас е како нежен бран низ кој зборува срцето.“

На крај, Соклевски вели дека „иако можеби требаше на почеток затоа што таа е инспирацијата, оваа песна ја посветувам на мојата сопруга Вера.“

сефедин

 

Втората песна на „Ех таа серенада“ чии автор на текстот е Соклевски е насловена  „Дали те заслужувам“.

-Втората песна за која што, патем кажано, долго време не мачеше решението за насловот за на крајот да ја крстиме со прашањето „Дали те заслужувам“, е израз на еден искрен човечки крик без глас кој те држи немирен и те тера да се запрашаш дали ја заслужуваш љубовта на личноста која искрено те сака.“

Автор на музиката и аранжманот е македонскиот хит мејкер Николче Мицевски, човекот кој со невидена генијалност и уметничка леснотија нотите ги претвора во музички милозвучни реченици кои галат и се врежуваат во емотивната свест на слушателот. Вокален интерпретатор е младиот Никола Зацевски чиј што први чекори на музичката сцена сведочат за исклучителен квалитет, капацитет, сигурност, посветеност и вокална свежина.

никола

Во оваа прилика би се заблагодарил на тимот на КИЦ Битола кој го организира фестивалот „Ех таа серенада“ и сите оние кои на било кој начин го помагаат фестивалот. На крајот – нема крај, има само нов почеток. Песните се како птици, ќе ги напишиш и ќе си полетаат.... Се надевам ќе си најдат многу срца за да се вгнездат..“, наведува Соколевски, нашиот текстописец чии стихови никого не оставаат рамнодушен.

 

А.Блажевска   

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани