АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ги исполнивме сите зацртани цели на предизборната кампања за локалните избори на 15 октомври, онака како што изборниот штаб ја водеше и како ги исполни нашите програмски цели, најпозитивно, изјави портпаролот на општинската организација на СДСМ во Битола , Борче Корлевски.
-Победата ни е на дофат уште во првиот круг на локалните избори, Водевме позитивна кампања со доста посети на граѓаните, разменивме многу идеи, имавме средби со многу целни групи коишто на големото задоволство ги прифатија нашите кандидат за градоначалник и кандидатите за советници. Ни ги кажаа нивните маки и проблеми за целиот изминат период од 12 години , кои што не само што ќе бидат запишани , туку ќе бидат проследени со добивањето на локалната власт, рече Корлевски.