АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на Совет Валентин Груевски денеска на седницата најави дека локалната самоуправа на Битола во наредниот период ќе ги субвенционира граѓаните при купување на печки на пелети и нови велосипеди, за што Општината веќе издводила 3 милиони денари, пари од буџетот.
-Спомнавме три милиони денари за дел проекти кои би влијаеле за заштита на животната средина, од кои два милиони денари за субвенционирање на печки за пелети и еден милион денари за субвенционирање за купување на велосипеди. Најверојтано ќе субвенционираме до 30 отсто и во двата случаи , со тоа што кај велосипедите не повеќе од 3 илјади денари , а кај печките со пелети не повеќе од 20 илјади денари, најави Груевски.
Воедно претседателот на Совет рече дека наскоро заради транспарентност и јавност ќе се пренесуваат седниците на Совет во целост.
-Да, десеттина месеци се обидувавме и разговараме да најдеме решение во однос на ТВ преносот на седниците на Совет и најверојатно за брзо време и тоа ќе го реализираме. И сакам да ве посетам вам кои сега жестоко зборувате за пренос на седниците дека најмалку 8 години кревавте рака „против“. Ние кревавме рака „за“ и ќе најдеме решение за тој проблем, рече Груевски.