2win800x200

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузмановски, со транспарентен отчет за првата година од мандатот

Ноември 06, 2018

Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани, рече  градоначалникот Љубе Кузмановски на отчетот што денеска го даде пред граѓаните за една година  раководење со пелагониската општина Новаци.

Пред присутните гости, советници од Советот на Општина Новаци, граѓани и медиуми, Кузамановски истакна дека ветеното од пред локалните избори лани се реализира сигурно, чекор по чокор.

-Работиме посветено кон доближување на општината до потребите на секој граѓанин.Во дослух со вас , граѓаните на општина Новаци , одговарајќи на вашите потреби и барања ги креираме нашите приоритети како локална самоуправа согласно можностите. Како што ветивме така и започнавме, одговорно, домаќинско и транспарентно работење и управување во насока на заедничко осварување на зацртаните цели, а тоа се успешна, просперитетна , економски стабилна , европска општина Новаци, рече градоначалникот Кузмановски на денешниот отчет.

Пред присутните на видео бим детално беа презентирани реализираните проекти во изминатата година, како и проектите  што се започнато и што наскоро треба да финишираат, како набавка и одржување на дополнителна опрема на Центар за ран детски развој ,, Бамби" с.Новаци-626.000 ден.( Буџет на о.Новаци)-реализирано, набавка  на прочистувачи  за воздух -ООУ „Славко Лумбарковски“ и подрачни училишта -700.000 ден.(Донација на АД ЕЛЕМ )-реализирано. Изградба на мултифукционално игралиште  во с.Д.Агларци -1.960.000 ден.(Грант од Светска Банка и Буџет на О. Новаци)-реализирано. Менаџирање со агро- отпадот за загревање во руралните средини“ поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка-Interreg-IPA CBC (2014-2020) -Општина Новаци /Општина Аминдео, Грција -216.000 евра (Европска Унија грант и О.Новаци  со 15% кофинансирање)-во фаза на реализација. Уредување на Порој во с. Гермијан -255.000 евра (Грант од Светска Банка)-16.557.000 денари за реализација на проектот -во фаза на реализација.

Реализација на програмата за одржување на полските патишта во општина Новаци за 2018 година-санација и одржување на веќе постоечката полска патна инфраструктура-4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )-реализирано, набројуваше Кузмановски проекти  изработени за поквалитетен живот на граѓаните на Општина Новаци.

-Квалитетно, ефикасно и ефективно се стремиме кон реализирање на голем број на проекти кои се во интерес на граѓаните , заедно да работиме и заедно да градиме едно здраво , модерно и економски стабилно општество во кое сите ќе ги чувствуваме благодетите и подеднакво ќе уживаме во подобрите услови за живот, рече градоначалникот Кузмановски.

45487178 571132553320842 2237987366365036544 n

45634835 1428485300617458 3951128062711562240 n

45641478 1114383282053631 9185177446742228992 n

45640770 714825162208322 2427990839729848320 n

45417435 2147506978605977 9165774669989543936 n

45565101 559044284544845 7610451795315261440 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани