„Нискоградба“ на терен, се посолуваат улиците од прв и втор приоритет

Декември 18, 2018

Снегот што од ноќеска паѓа во Битола формира  снежна покривка од пет сантиметри. Од ЈП „Нискоградба“  за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет,  а  се посипува и со сол.

-Целата механизација е ангажирана на терен. Се посолуваат улиците од прв и втор приоритет . Во приградските населби се врши чистење на снегот на коловозите, изјави за апла.мк Методи Силјановски директор на ЈП „Нискоградба“-Битола.

Во Битола утрово температурата се спушти на -3 степени , а во 7 часот беше измерена снежна покривка од 5 сантиметри.

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани