2win800x200

Цела механизација е на терен, уверуваат од Нискоградба, до крајот на денот ќе бидат проодни сите патишта

Февруари 14, 2021

Екипи на КЈП „Нискоградба“ во текот на целата ноќ без запирање беа на улиците низ Битола, а исто така со полна пареа се продолжија и денес со расчистување на снегот, соопштија од претпријатието. Од таму велат дека обилниот снег и студеното време го отежнуваат чистењето на снегот, тврдат дека со цела механизација ќе останат на терен.

„Екипите работеа цела вечер. Заедно со подизведувачите на терен беа 12 машини и камиони. Продолжуваме и денес. Се очекува врнежите да престанат попладне. До крајот на денот сите патишта ќе бидат проодни. Моментално поради континуираните врнежи нашите екипи повторно ги чистат улиците од прв и втор приоритет и локалните патишта до селата во Општина Битола“, рече директорот на „Нискоградба“, Методија Силјановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани