АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Струга ќе се заменуваат нееколошките извори на затоплување по претходно утврдени зони каде што аерозагадувањето е високо , рече заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната седница за пратенички прашања.
-Најзагрозените општини Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Струга, Гостивар, Куманово , тие кои според податоците на Министерството за животна средина се најзагадени ќе изберат зони на ниски емисии како што е светската пракса, и во тие зони, на пример во Скопје, во Лисиче или маало во Тетово ќе ги промениме изворите на затопливање.На 700 домаќинства во Скопје, на 150-200 домаќинства во Тетово, Гостивар, Битола, Куманово. И затоа апелирам до компаниите да го следат јавниот повик, влегуваме во процес на замена на нееколошки извори на затоплување во најмалку 1000 домаќинства и тоа ќе донесе за намалување на аерозагадувањето. Барам поддршка од нив, приватниот сектор сака да помогне во овој момент, повторувам 2019 година е клучната година за намалување на аерозагадувањето . Зошто , затоа што има една масовна мобилизација во државата, нема самокритки има многу предлози , компаниите сакаат да помогнат , граѓанските организации, рече заменик министерот Макрадули, пренесе ТВ 21 .