2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Владата со јавен повик до општините да аплицираат за средства и да ги заменат нееколошките системи за греење во јавните установи

Мај 23, 2019

Владата отвори јавен повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година . Така општините или градовите во државата кои се со високи концентрации на ПМ10 и ПМ 2,5 честички во воздухот имаат шанса да аплицираат за средства со кои ќе треба да споведат мерки за намалување на аерозагадувањето со замена на опрема. Тоа значи дека општините ќе имаат шанса да ги заменат нееколошките системи за греење во градинките, основните и средните училишта , здравствените и административните објекти во најзагадените градови со еколошки. На овој повик може да се јават  не само општини каде има мерни станици туку и оние градови и општини  каде што нема мерки станици кои го мерат загадувањето на воздухот.

-ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПРЕМА

Доделувањето на опремата ќе биде во еднаков дел помеѓу Град Скопје и градовите кои имаат мерни станици согласно Државниот автоматски мониторинг систем и градовите кои не располагаат со мерни станици согласно Државниот автоматски мониторинг систем, но не повеќе од 100.000 евра во денарска противвредност. При поднесување на документацијата потребно е градовите/општините да ги наведат проектите по приоритет. Во случај на еднакви бодувања на проектите од страна на Комисијата, распределбата на средствата ќе биде пропорционално, пишува во јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија.

Јавниот повик е отворен до 27  мај до 16 часот.

https://vlada.mk/node/17832?fbclid=IwAR04szaHQewzBrXcxJfYsgghuM2vLBtOVXr6EfKLsKh8UysxydWhzvSonKQ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани