АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеникот во македонското собрание Горан Милевски за Гласот на Америка на македонски изјави дека очекува до крајот на оваа или почетокот на следната година во САД да заврши постапката за ратификација на Проколот за НАТО.
За ваква временска рамка се дискутирало на средбите вчера и завчера помеѓу американски конгресмени и сенатори и делегација од македонското Собрание во Вашингтон.
„Разговаравме за постапката кога може Македонија најбрзо да очекува ратификација на спогодбата. Постапката во Сенатот е посложена бидејќи прво треба да дојдат три извештаи од претседателот, од Пентагон и од разузнувачките служби за потоа Комитетот за надворешни работи да ја отпочне постапката во Сенатот. Од моментот на доаѓањето на извештаите до гласањето во Сенатот по примерот на Црна Гора требало шест месеци, така да се надеваме дека оваа постапка некаде кон крајот на оваа година или почетокот на следната ќе заврши целосно во Сенатот и ќе може и Америка да ја ратификува спогодбата“, изјави за Гласот на Америка на македонски пратеникот Милевски.
Тој истакнува дека во Вашингтон добиле позитивни сигнали. Американските конгресмени и сенатори се интересирале за состојбите во државата и биле единствени во пораката дека Македонија мора да си ја заврши домашната работа.
„Се интересираа како ќе се одвиваат реформите. Mногу се заинтересирани за тоа и заради влезот на Македонија во Европската Унија. Значи нивниот пријателски однос не е само за влез во НАТО, туку за севкупниот развој на Македонија. Има многу позитивна клима тука и велат дека непотребно се изгуби време и енергија додека не се постигна овој договор. Надминати се пречките за Македонија да го заслужи местото кое ѝ следува на меѓународен план“, вели Милевски.
Извор: VOA Глас на Америка