2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Новата песна на Стефанија ги полни срцата со љубов

Март 17, 2019

Битолската џез пејачка Стефанија Милевска сними нова песна „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) и документарен филм, кои беа промовирани вчера, а имаат за цел да ги срушат бариерите и предрасудите што постојат во општествената заедница за лицата со попреченост. Песната и документарниот филм се посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој беше болен од целебрална парализа, и на сите лица со попреченост. Таа сними и спот за песната, во кој учествуваат лица со различен вид попреченост од Битола, Скопје и Белград, како и танчари, пејачи и изведувачи од Анастасија центар-Битола.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=WmZ2b60exU8&fbclid=IwAR2cRqLXHXfLE13dGXvX0BewCbqs5frjlWXm5dcPaygXnsWa_5HT-_gyq4U{/YouTube}

 

„Моето растење покрај брат со церебрална парализа значеше будење со насмевка и безрезервна љубов. Како личност која има почувствувано на своја кожа што значи да имаш најблизок со некаква попреченост, добив потреба да го споделам тоа со светот. Сметам дека свесноста може да се подигнува само доколку гласно се зборува и јасно се претставува самиот проблем. Како аманет од Игор ми остана да дадам поддршка на сите млади и да ги бодрам во нивната натамошна животна борба. Силно верувам дека љубовта е заразна и дека сите луѓе ќе почнат свесно и без сожалување да ги прифаќаат лицата со попреченост и доколку има потреба, да им помагаат“, вели Стефанија.

Документарниот филм „Hey You, Listen!/Behind the Scenes“ (Еј ти, слушај/Зад сцената) е на тема подигнување на свеста кон лицата со попреченост и развивање на емпатија. Филмот е посветен на најстариот брат на Стефанија, Игор Милевски, кој почина на 38 години. Продукцијата е на „Welcome to Stefanija’s Music World“ (Добредојдовте во музичкиот свет на Стефанија).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани