2win800x200

Бистата на Стерјо П. Ѓорѓиевски вратена на постаментот

Март 21, 2019

Бистата на првоборецот Стерјо П. Ѓорѓиевски е вратена на постаментот. По објавата на апла.мк вчера надлежните органи брзо реагираа и во текот на денот бистата повторно е поставена на своето место.

Во исто време се санирани искршените мермерни плочи од постаментите на спомен- бистите на  Стерјо Ѓорѓиевски и Томаќи Димитровски. Според состојбата каква што е ова утро за санација на мермерните плочи  останува уште постаментот на спомен –бистата на Коле Лачето.

sppp2

Вчера спомен-бистата на Стерјо Ѓорѓиевски беше обезглавена, а постаментот искршен во мермерните плочи, оштетени беа уште две спомен бисти.

Сојузот на борци од Битола случајот го пријавија во полиција. 

-Сторителите да бидат најдени и соодетно казнети и во иднина да бидат спречени било какви оштетувања на спомениците и спомен-бистите, пишува во соопштението на Сојузот на борци од Битола. 

sppp3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани