2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

93,8 ПРОЦЕНТИ ОД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА ФАКУЛТЕТ, A ДА ИМАМЕ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КОЈА ВИСИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ, ТОА Е ДЕГРАДИРАЊЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА

Април 03, 2019

Универзитетите треба да размислуваат за намалување на бројот на студенти бидејќи не може и не смее да се фалиме дека 93,8 проценти од средношколската популација се запишала на факултет, а да имаме интелигенција која виси на пазарот на трудот, рече Димче Настоски, директор на Гимазијата „Мирче Ацев“ од Прилеп на денешната средба на директорите на средните училишта со Управата на Битолскиот универзитет.

 

„Од една страна викаме дека имаме околу 19 проценти невработеност, а од друга страна имаме недостиг на работна рака, односно квалификувана работна сила. Усогласувањето меѓу училиштата и унивезитетите ќе придонесе за една поквалификувана високо образована интелигенција која нема да виси на пазарот на трудот. Универзитетите треба да размислуваат за намалување на бројот на студентите бидејќи не може и не смее ние да се фалиме дека 93,8 проценти од средношколската популација ни се запишала на високо образование. Тоа е едно деградирање на високото образование и давање дипломи кои немаат никаква ефикасност на пазарот на трудот“, рече директорот.

Според него задолжителното средно образование не е рак рана на македонското образование, туку кавлитетот што се стекнува.

„Добро е децата да имаат средно образование. Но, прашањето е за квалитетот на наставните планови и програми и на она што се вади на пазарот на трудот. Сега во 21 век ние да имаме уште неписмени или со основно образование, не е во ред. Но, ако се сфати задолжителното средно образование како задолжително завршување без потребниот квантум на знаење тогаш е лошо“, додаде Настоски.

Ова е прва ваква средба на директорите на средните училишта ид Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и Демир Хисар со универзитетската Управа. Се одржа по иницијатива на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Целта е да се споделат искуства и да се унапреди образованието. 

„Предизвиците се состојат во промената на средината. Учениците кога ќе дојдат на факултет не се научени на новиот систем на предавања, новиот систем на пренесување на знаењето ,од повеќе формален би го рекол, во делот на гимназиското или стручното образование, кон еден послободен и понеформален. Треба да споделиме размислувања како на еден поиновативен начин тоа да го направиме ние и тие и да не се разликува толку. Ученикот од четврта година да не ја чувствува разликата дека сега е нешто многу различно и така побрзо ќе ги совлада знаењата“, рече ректорот Сашо Коруновски.55638502 256669528447411 1663991405598474240 n

56615136 2309030649354324 6247398388686389248 n

56575909 442832033190341 147730957833601024 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани