АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.
„Учам за ракувач на рударски машини. Од мал ги сакав овие машини и веќе со ова ми е исплнета желбата“, рече Драганчо Тасевски. „
Вкупно 26 ученици од трета и четврта година од СОУ „Таки Даскало“ изведуваа практична работа во РЕК Битола секој понеделник, среда и четврток, а за првпат откако се реализира активноста комбинатот годинава обезбеди превоз, заштитна опрема и оброк за учениците и професорите.
„Продлабочување на соработката со стручните училишта во Битола во кои се изучуваат предмети сродни на потребите на РЕК Битола останува предизвик за комбинатот и во иднина. Согласно најавите за унапредување на дуалното образование во земјава, РЕК Битола има намера да внесе дополнителен квалитет во практичната настава, со што ќе се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на стручен кадар на пазарот на труд и ќе се зголеми процентот на вработени млади лица“, велат од РЕК „Битола“.