АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола и битолското Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка, а целта е унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеењее.
-Онаму, каде што е искуството, таму е и мудроста. Дефинитивно, во ова Здружение гледаме голем потенцијал во делот на идната соработка, токму потпирајќи се на нивното искуство. Затоа овој меморандум, меѓудругото опфаќа и вклучување на пензионерите во низа активности на општината, вклучување во активностите на Советот, во програмите кои што ги изготвува Општина Битола, меѓутоа не само тоа, туку и овозможување на олеснителни околности за нивните активности, што е пак поврзано со месните заедници, кои што ги има како објекти во Општина Битола. Исто така, бидејќи општината е збратимена со многу градови ширум светот, ова отвора можности, онаму каде што имаме збратимувања со градовите, воедно да ја прошириме соработката и на ниво на пензионерски здруженија“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
Од Здружението на пензионери велат дека ова е прв ваков меморандум за соработка со битолската локлана самоуправа.
-Очекуваме дека соработката ќе продолжи со уште посилен интензитет и се она што е предвидено со Меморандумот и ќе го исполниме. Ние сме ново раководство на Здружението на пензионери на Битола и сметаме дека ќе имаме одлична соработка со локалната самоуправа. Ќе учествуваме секаде таму каде што се работите од интерес за пензионерите, изјави Томе Димитровски, претседател на Здружението на пензионери – Битола.