2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

РАБОТНО ЛЕТО НАЈАВИ СДСМ ОД БИТОЛА

Јули 12, 2019

Ова лето за СДСМ ќе биде работно! СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, најави Борче Корлевски, портпарол на Општинската организација на СДСМ во Битола.

 

„На средби во маалски и урбани средини со граѓаните, ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ системот на институциите. Што е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се подобри“, рече Корлевски.

Тој потсети дека пред избори ветиле оти нема да излегуваат на терен само пред избори.

„Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните“, рече Корлевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани