АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предлог законот за СЈО треба да го добиеме и разгледаме, треба да видиме што Заев во спрега со рускоско обвинителството ѝ понуди денес на македонската јавноста, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вечерва е присутен на пролсавата 29 години од формирањето на огранокот во Битола.
„На денешната прес конференција на Заев се потврди дека постоело рускоско обвинителство. Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано Специјално јавно обвинителство кое е под палката на Катица Јанева и сите оние нејзини помошници. Заев на денешната прес конференција испорача уште неколку негови лични желби. Ние чекаме да го добиеме предлог текстот на тој документ кој денес тој го презентираше и во најскоро време нашите тимови ќе се произнесат по истиот. Но, истовремено остануваме посветени на документот кој ние го изработуваме како треба да изгледа еден реформски закон од делот на јавното обвинителство. Бидете трпеливи, многу брзо ќе излезе нашиот документ и ќе ги дадеме коментарите на денешниот документ. Правда неселектривна, фер за сите граѓани е она што за ВМРО-ДПМНЕ денес е посакувано решение за јавно обвинителство“, рече Мицкоски.
По повод роденденот партијата организираше искачување по најживописната патека, патеката по Камењарот. Искачувањето траеше 4:50 мин. од Хотел Молика - Пелистер.