2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Класнето и ученици доброволци од дворот на Медицинското училиште исчистија 30 колички градежен шут и ѓубре

Август 26, 2019

Од дворот на Медицинското училиште во Битола денеска  беа собрани 30 колички градежен шут и ѓубре во новата акција на Класнето и ученици од средни училишта во градот.

 меддд

Професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска објави фотографии од акцијата во која заедно со ученици од неколку класови од Медицинското училиште и од Горната гимназија пред почетокот на учебната година го исчистија школскиот двор од отпадот.

-Си направивме акција Мети Си Со Класнето. Благодарам на сите што се појавија и беспоштедно работеа на 32 степени. Сликите и делата нека зборуваат погласно од секој кажан збор. Машките собраа едно 30 колички шут (кои ќе го подигне Комуналец) , женските изгланцавме се што требаше. Сакам да им испратам апел на сите дека секој еден од нас како индивидуа е дел од оваа институција. И секој на секаков начин треба да се грижи за истата, порача Петковска Микаровска на Фејсбук.

мед 3

мед 2

класс

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани