АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советничката на Поинаку, Габриела Илиевска е сериозно загрижена за развојот на туризмот во градот откако Општина Битола на својата официјална веб страница објави фотографии од искршените стакла на вратата на општината по неодамнешниот протест за чист воздух на група битолчани меѓу кои се најдоа и двајцата советници од Поинаку.
Илиевска на денешната седница на Совет говорејќи на тема загаден воздух од говорницата ја искажа својата вознемиреност за развојот на туризмот во градот и начинот на кој веб страната на Општината го „промовира“ градот.
-Една порака до вас-сакате да привлечите туристи во градот ? Кој нормален град на официјална страна објавува искршена општина ? Ако негде одите во странство ако сакате да посетите некој, ќе ја отворите официјалната страна. Вие кажувате дека во градот има вандализам, како ќе дојде некој? Па дури и за Нова година. Срамота! Срамота ако сакате некој од своите сограѓани да ги наречете вандали, оти барале чист воздух, имате други начини, оти страната на општината е на сите нас и градот треба да има бенефит, сите да имаме бенефит, а не да се препукувате преку официјалната страна на општината, рече независната советничка Илиевска.
А.Б